За време на годишната воена вежба во теснецот Ормуз, Иран по првпат лансираше крстосувачка ракета од подмориница.
Локалните медиуми информираа за лансирањето и соопштија дека и други подморници имаат иста способност, но не информираа за дострелот на ракетата.
Иран често го презентира својот воен арсенал, од кој најголемиот дел е произведен во земјата поради меѓународните санкции.
Тродневната воена вежба „Велајат-97“, во која учествуваа подморници, воени бродови, хеликоптери и авиони, завршува денеска.