Според годишниот извештај на „Global Firepower“ во кој се оценува воената моќ на секоја земја, први на листата се САД, по што следуваат Русија, Кина и Индија. Во топ десетте најсилни армии уште се и Јапонија, Јужна Кореја, Франција, Велика Британија, Пакистан и Бразил.
Годишниот извештај ги оценува воените капацитети на државите, и тоа од разновидноста на оружјето и расположливата човечка сила, до географската локација и финансиската моќ, со цел да се утврди кои нации доминираат во светот според воената моќ. Во анализата се проценуваат повеќе од 50 фактори
Во регионот најголема воена сила е Турција рангирана на 13 место. Грција е на 27 место во светски рамки. Потоа е Србија на 61 место. Веднаш зад Србија е Хрватска која е на 62 место. Црна Гора е на 132 место, Албанија 115, Македонија на 135, Косово на 140-то место од 142 земји земени предвид. Последни на листата се Исланд и Бутан.