Германските производители во автомобилската индустрија се принудени да го стопираат своето производство, велат од Делегацијата на германското стопанство во Македонија.
– Ова ќе има директни последици и на компаниите производители од автомобилската индустријата во С. Македонија. Се заканува стопирање на производството на производителите од автомобилската индустрија кои се дел од интернационалниот синџир на добавувачи во Македонија. Во Украина се погодени 30.000 работни места кај германски и 10.000 работни места кај други интернационални инвеститори од автомобилската индустрија, се вели во соопштението.
Натаму во информацијата од Делегацијата на германското стопанство во Македонија се додава:
– Сите сме шокирани од војната која започна против Украина и страдањата кои му се нанесуваат на украинскиот народ. Отсега мора да се соочиме со неочекуваните удари кои ќе ја погодат економијата.
Задоволство е што Македонско-германското стопанско здружение (DMWV) ја почна годината со осум компании премиум-членки и две компании ексклузивни партнери кои веќе ги претставивме. Наши премиум-членки се компаниите Мајорел, Актива, Авицена, ЕОС Матрих, ЕВН Македонија, Македонски Телеком, Макпетрол и Квенбергер, пишува Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Македонија.