Илјадници луѓе излегоа денеска на улиците во Мелбурн демонстрирајќи против рестриктивните мерки, заклучувањето поради корона вирусот и принудата за вакцинацја во земјата.
Демонстрантите се судрија со полицијата, која се спротивстави со коњи и солзавец.
Наспроти очекувањата дека Австралијците мирно ќе ги послушаат мерките на властите, еден дел од нив излегоа на улиците.
Последниот извештај за состојбата со корона вирусот говори дека Австралија за 24 часа регистрирала 894 позитивни на САРС КОВ 2 вирусот и тројца починати. Бројката од речиси 1 000 позитивни за еден ден (на милион жители Македонија на дневно ниво има повеќе од 10 пати позитивни бидејќи ние имаме два, а Австралија 20 милиони жители) зборува дека земјата веќе тешко ќе го спречи ширењето на вирусот и дека наместо „војна“ со граѓаните, подобро е да се сврти кон стекнување нивна доверба.
Австралија досега вупно има забележано 43 123 позитивни и 978 починати.
На овој линк можете да погледнете дел од атмосферата во Мелбурн.