Американските новинари реагираат откако на новинарката на Си-Ен-Ен, Кетлин Колинс и беше забрането да присуствува на прес конференцијата на претседателот на САД, Доналд Трамп и првиот човек на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во Белата куќа.
Претставниците на Белата куќа, Бил Шајн и Сара Сандерс изјавија дака Колинс прашувала „несоодветни“ прашања за време на претходиот состанок на Трамп и Јункер.
Забраната за Колинс е оценета како осветољубива и ги загрижи новинарите, дури и ривалите на Си-Ен-Ен.
Фокс њуз издаде соопштение во кое се наведува дека се „солидаризира со Си-Ен-Ен“,
Колинс на настанот не беше како новинарка на Си-Ен-Ен туку како претставничка на повеќе телевизиски мрежи.
Новинарката на Ен-Би-Си, Кејси Хант на Твитер напиша – „Тоа беа прашања на известувачите на повеќе телевизии, што значи дека мерката е против сите телевизиски новинари кои известуваат од Белата куќа“.
Хејли Џексон, исто така од Ен-Би-Си исто така ја поддржа Колинс, додавајќи оти истото би го направила кога би била на нејзино место.
Во исто време, американските медиуми објавија дека Трамп бил изнервиран од тоа што неговата сопруга Меланија во авион гледала Си-Ен-Ен.