Австриската влада го очекува најголемиот бран заразени со Ковид-19 во земјата во јануари. Оваа алармантна прогноза денеска на прес-конференција ја соопшти министерот за здравство Волфганг Мукштајн.
Во Австрија во моментов се регистрирани 59 случаи на новата варијанта на коронавирус Омикрон, а десетици случаи се уште не се докажани, што на експертите им дава причина да очекуваат дека петтиот бран во јануари ќе биде најголемиот досега.
Затоа, веќе се преземаат строги мерки за негово ограничување – лицата со контакт со заразен, без разлика дали се вакцинирани или излечени, ќе бидат во 14-дневен карантин без право да бидат пуштени со негативен тест пред истекот на тој рок.
Австрискиот министер за здравство уште еднаш ги повика сите оние кои се уште не се ревакцинирани да го сторат тоа пред Божик. Се препорачува пред да се соберат за празниците секој да направи контролен тест за да се осигура здравјето на своите најблиски.
Тој потсети и на основните правила за спречување на инфекција: ограничување на контактот, одржување хигиена и носење маска во затворен простор.