САД ќе повлечат противавионски и ракетни батерии од Блискиот Исток, објави „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на неименувани американски воени претставници.
Весникот посочува дека Пентагон следниот месец ќе повлече четири ракетни системи од Блискиот Исток.
– Четири ракетни системи Патриот ќе бидат повлечени од Јордан, од Кувајт и од Бахреин, наведува „Волстрит џурнал“.
Весникот, повикувајќи се на неименувани воени извори, наведува дека фокусот на американската армија од судирите на Блискиот Исток сега се пренасочува на тензиите со Кина и со Русија.