Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг ун денеска се сретнал со јужнокрејскиот претседател Мун Џи ин, за да ги разгледаат мировните договори постигнати на последната средба, како и да ги разгледаат околностите околу се уште незивесната средба меѓу лидерот на Северна Кореја и претседателот на САД, Доналд Трамп.

Утре, Мун лично ќе ги објави резултатите од средбата, која траела близу два часа, соопштиле од канцеларијата на јужнокрејскиот претседател.

Средбата се одржала во местото Панџилмон, на север од демилитаризираната зона.