Маскирани вооружени разбојници пред околу два часа ја ограбиле екоспозитурата на „Халк банка“ на Качанички пат кон Визбегово.
Во СВР Скопје денеска околу 13 часот било пријавено дека во банка на улица „Јадранска магистрала“ непознати сторители извршиле разбојништво и со закана со оружје од сефот одзеле неутврдена сума пари, потврдија од МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.
Според првичните информации ограбена е екоспозитурата на „Халк банка“ на Качанички пат кон Визбегово, кога пет вооружените лица влегле во банката и им се заканиле на вработените, потоа одзеле непозната сума пари и избегале од местото со автомобилот со кој биле и дојдени пред да го извршат грабежот.
Нема повредени и ситуацијата е ставена под контрола од страна на надлежните институции кои работат на расветлување на случајот, соопштија од „Халкбанк АД Скопје“ во врска со вооружениот грабеж на филијала на банката во Визбегово.
„Халкбанк“ ги известува и сите свои клиенти дека нивните средства се осигурени согласно политиките на Банката.