Двајца мажи се убиени во престрелка во ресторан во центарот на градот Познањ во Полска, соопшти локалната полиција.
Полицискиот портпарол Анджеј Боровијак објасни дека инцидентот се случил во градината на хотелски ресторан во Стариот град во Познањ, популарна туристичка дестинација.
Според него, еден маж е убиен на лице место, додека другиот починал во болница.
Боровијак изјави дека полицијата е „сигурна“ оти еден од двајцата го предизвикал инцидентот и се обидува да открие како тие биле поврзани.
Еден од очевидците изјави за локалните медиуми дека еден од мажите пукал во другиот, а потоа се самоубил.