Американската Влада ќе и продаде на Саудиска Арабија 280 ракети воздух-воздух со среден дострел за 650 милиони долари и покрај напорите на претседателот Џо Бајден за дипломатско решавање на судирот во Јемен.
Саудиска Арабија ги поддржува владините сили во Јемен во борбатѕа против бунтовниците Хути, кои имаат поддршка од Иран.
Односите со Саудиска Арабија се значително се заладени по доаѓањето на Џо Бајден во Белата куќа. Тој за време на кампањата вети дека саудиските лидери „ќе платат“ за убиството на ниовинарот Џамал Кашоги.
Но, американската армија и понатаму е распореден во повеќе бази во Саудиска Арабија, која останува клучен сојузник на САД во регионот.
– Сведоци сме на зголемување на прекуграничните напади врз Саудиска Арабија во текот на изминатата година. Саудиските ракети АИМ-120Ц одиграа клучна улога во пресретнувањето на бројни напади со беспилотни летала кои ги загрозија американските сили и им се заканија на повеќе од 70.000 американски граѓани во кралството, изјави портпаролот на Стејт департментот.