Од денеска во Виена   е забрането да се носи ладно и огнено оружје во две зони од градот.

Тоа е реонот во близина на паркот Пратер и во дел покрај каналот на реката Дунав. Полициската мерка е воведена за период од три месеци. Исклучок може да бидат луѓе кои носат службено оружје или имаат дозвола за носење оружје.

Спреј за самозаштита е исклучен од листата. Полицијата ќе има право да претресува луѓе и автомобили во тие два дела од Виена. Исти такви забрани веќе се воведени во Инсбрук и Линц.