Патничкиот воз кој сообраќа од Скопје до Битола, повеќе од еден час е заглавен на железничката станица Рајко Жинзифов пред Велес.
Според информациите до кои дојде КУРИР, возот бил полн со патници, а на нив им било соопштено дека пругата е расипана и дека возот нема да сообраќа.
На патниците оставени на милост и немилост, им било посочено со куферите да одат пешки неколку километри кон Велес, иако пределот не е поволен.
Пред повеќе од еден месец на истата железничка станица се случи несреќа, кога на отворената пруга се запали електрична локомотива.
Тогаш се правеше увид и проценки за оштетеност на пругата, а локомотивата беше целосно изгорена.