Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски вели погрешно се добило впечаток дека оваа тарифа ќе се врати на 1 јули годинава, објави еконсомскиот портал Пари.

Бислимовски, во поткастот „Каде се парите“, рече дека дневната евтина тарифа ќе се воведе кон крајот на ноември оваа година.

Тој вели дека се прават сите напори за да се испочитува овој рок, објави порталот.