Полициски службеници од ОВР Дебар вчера во 19:20 часот, го лишија од слобода А.Љ.(23) од Дебар, кој претходно, на регионалниот пат кон селото Удово, управувајќи патничко возило „опел“, со дебарски регистарски таблици, не застанал на даден знак за запирање од страна на полициски службеници и се дал во бегство.

-Веднаш се преземени соодветни мерки и активности и по кратко време, тој е запрен на улицата „Веби Дибра“ во Дебар и притоа е констатирано дека А.Љ. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,77 промили алкохол во крвта и дека не поседува возачка дозвола, информира МВР.

Против А.Љ. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.