Возач намерно влета со автомобил во толпа луѓе во центарот на кинескиот град Заојанг во провинцијата Хубеи, и уби шест лица пред да биде застрелан од полицијата. Нападот се случил денеска наутро околу шест часот по локално време.

Седум луѓе се повредени и префрлени во болница. Кинеските власти не дадоа повеќе детали за инцидентот.

Минатата година во септември 11 луѓе загинаа и десетина беа повредени откако автомобил удри во луѓе на плоштад во градот Хенгдонг во централната провинција Хунан. Во ноември минатата година возач удри во група деца што поминувале улица во североисточната провинција Лиаонинг при што загинаа пет лица и 19 беа тешко повредени.