Белата куќа отфрли барања на конгресмени од Демократската партија да им бидат доставени информации за разговорите на американскит претседател Доналд Трамп и рускиот колега Владимир Путин.

– Не постојат правни основи за такво нешто, изјави правниот советник на Белата куќа, Пат Чиполоне.

Одбивањето на барањето било испратено преку писмо од Белата куќа до Конгресот.

Во почетокот на овој месец претставници на три комитети во Претставничкиот дом испратија барање во Белата куќа да бидат доставени „сите документи и податоци поврзани со разговорите на Трамп и Путин вклучително и телефонските разговори и личните средби“.