На магистралниот пат Струмица-Радовиш, на делницата за Струмица до Василевска раскрсница, ноќеска во 01:10 часот, Ј.Ц. (33) од с.Ораовица, радовишко, управувајќи патничко возило „опел зафира“ со радовишки регистарски ознаки удрил во патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Р.Р. (40) од Радовиш, по што излетал надвор од коловозот.
Како што соопштуваат од МВР, Ј.Ц. починал на местото на настанот, додека смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.