Вчера во 12:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Македонско-косовска бригада“ и ул.„Аугуст Цезарец“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(51) од Скопје, удрило во двајца пешаци – 57-годишната Ф.С. и А.Т.(27), двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.С., а со телесни повреди А.Т., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Вчера во 14:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, електричен тротинет удрило во пешак – 61-годишната Љ.М. од Скопје, по што возачот со тротинетот го напуштило местото на настанот.

Во несреќата, Љ.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.