Мажот кој денеска со автомобил влета во карневалската поворка во германскиот град Волкмарсен и притаа повреди најмалку 30 лица, вклучувајќи и деца, тоа го сторил намерно, потврди полицијата.
Возачот е уапсен, но полицијата не можеше веднаш да соопшти детали за мотивите за насилниот упад на прославата во градот, што се наоѓа на 280 километри југозападно од Берлин.
-Работиме врз претпоставката дека станува збор за намерен напад, рече портпаролот на полицијата Хенинг Хин, наведувајќи дека меѓу повредените има и такви со повреди опасни по животот, како и деца.
Според портпаролот на полицијата, возачот на автомобилот кој влета во карневалската поворка бил 29-годишен германски државјанин, јави ТВ Хесенесау