На денешната прес конференција на која изјави дека поднел кривилни пријави против министерката за правда и двајца други функционери во Министерството за прадва на Албанија, албанскиот претседател Илир Мета уште еднаш упати апел за масовно присуство на протестот што го организира на втори март.

-На втори март, сите во Тирана, на плоштадот „Народни херои “, за да стане јасно дека Албанците се со Уставот, а не со претседателот Илир Мета! Дека Албанците веќе нема да толерираат никој да го крши Уставот за кој гласаа на референдумот на 22 ноември 1998 година. Најголема опасност е чумата наречена „Преродба“ (се однесува на актуелната влада),изјави Мета.

На новинарска констатација дека ова е чин без преседан, Мета во возврати:

-Чин без преседан велите вие! Кажете ми: Дали постои Република во светот, во Европа, земја членка на Советот на Европа, земја која има намера да отвори преговори со Европската унија, каде што на мафијашки начин се киднапираат уставни овластувања и власт што Уставот му ги дава на претседателот на државата, одговори Мета.