На Детската клиника во Скопје доцна синоќа било донесено дете во тешка состојба, кое било итно префрлено од болницата Козле дознава А1он.

Детето како итен случај било сместено во одделот за интезивна нега на детската клиника и ставено на машина, а тоа предизвикало паника кај родителите на останатите деца кои се сместени на клиниката.

Како што објави А1он, стануцва збор за деветмесечно бебе кај кое постои сомневање дека белодробната слабост му е предизвикана од инфективната болест туберкулоза. Според информациите на А1он и мајката на бебето била со потврдена дијагноза и се лекувала од туберкулоза.

Туберкулозата е тешка заразна болест и родителите на децата згрижени на Детската клиника стравуваат дека нивните и така болни деца, може да се заразат и нивното здравје дополнително да биде влошено.

А1он побарале информации и од Детската клиника и добилее потврда од директорката Стoјка Нацева-Фуштиќ дека таков пациент е примен доцна синоќа, но вели не постои никаков ризик за другите пациенти.