Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје ја изгласа иницијативата за враќање на споменикот на Андон Лазов Јанев Ќосето.
-Сметаме дека овој историски лик заслужува спомен обележје и заемна почит. Фрапира антимакедонското однесување на СДС која се противеше на поставување на спомен обележјето што преставува продолжува на нивните политики за разградување на македонското јадро, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„По изгласувањето на одлуката, на потег е Арсовска која не треба да потклекне на влијанијата на нејзината коалиција во Советот предводена од СДС која е јасно против ваквата иницијатива“ – се наведува во партиското соопштение.