Коалицијата Вреди нагласува дека не сака ниту еден Албанец да биде виновник за трагедијата во Кочани, туку правдата да важи за сите.

„Што се однесува до настојувањата на Али Ахмети и Зијадин Села да изградат претстава дека Албанците се жртва на Владата, сакаме да им кажеме јасно: Вие сте прочитани како буквар за прво одделение!“ истакнува Вреди во своето соопштение, кое го пренесе ТВ Алсат.

Натаму, во соопштението на Вреди, во врска со реакцијата од ДУИ се додава:

„Нив воопшто не ги интересира грижата на албанскиот народ, туку само како да предизвикаат политичка криза. ДУИ знае дека ќе доживее катастрофа на локалните избори и поради тоа се залага за нивно бојкотирање. Нивните лажни солзи за Албанците се најголемото политичко лицемерство. Целиот правосуден систем е исполнет со личности од нивното време. Еве уште еден доказ: Артан Груби и Кренар Лога на 15 јануари 2024 година го предложија Љупчо Коцевски како јавен обвинител“, додава Вреди во соопштението.

Од ВРЕДИ, коалиција на партиите на Албанците во Македонија, го прашуваат ДУИ: „Дали е можно Љупчо Коцевски и Ислам Абази, кои се нивни предлози, сега да раководат со „лов на вештерки“, или со овие политички памфлети, што ги делат, си даваат автоголови“?