Кога ќе се спомене ДУИ, не можеме да мислиме друго освен на злоупотреби и корупција. Сакаме да ја информираме јавноста за едно важно прашање поврзано со економската активност на компанијата „Еверест ЈД“ ДООЛ, која е во сопственост и управувана од Дрин Ахмети, внук на лидеротна ДУИ нон грата, Али Ахмети.

Според достапните информации, ова компанија не го платила концесискиотнадоместок за експлоатација на минерални суровини на локацијата Буковиќ, со што ги прекршила законите и прописите, соопштија од Коалицијата Вреди.

-Оваа неодговорна постапка претставува сериозен облик на нетранспарентност и злоупотреба на привилегиите дадени за експлоатација на природните ресурси и поради оваапричина, коалицијата ВЛЕН иницира да се преземат итни и целосни мерки за расветлување на ова прашање.

Со гордост ја споделуваме оваа информација, бидејќи со несаканата транзиција на ДУИ во опозиција, заврши и заштитата или поддршката во судовите и обвинителството. Затоа, ова е знак дека завршува ерата на политичко влијаниеврз институциите кои треба да бидат целосно независни и незасегнати во работата на правосудството, додаваат од Коалицијата Вреди.