Опозицијата е целосно грогирана од изборниот пораз. Стравот од тоа што следи им ја одзема способноста да размислуваат рационално. Така СДСМ не сфаќа дека сега ДУИ го користи како гласноговорник.
Ова се истакнува во денешната реакција од коалицијата ВРЕДИ (ВЛЕН) на партиите на Албанците во Република Македонија. Во продолжение целото соопштение:
Бидејќи криминализираното раководство на ДУИ се обиде да издејствува Блерим Рамадани да биде екстрадиран во Србија за да креира тензии и да го обвини ВЛЕН за предавство, сега му сервира лажни информации на СДСМ.
И така очајот за медиумско внимание си го прави своето. Тие мислат дека со вакви наводно бомбастични приказни ќе ја покријат внатрешната слабост. Затоа им порачуваме на СДСМ и ДУИ да не се однесуваат по онаа народната “гладна кокошка просо сонува”! Нека ја почекаат конечната одлука на судовите за екстрадицијата пред да изнесуваат небулози. И може да бидат целосно сигурни дека владината коалиција не може да ја раздрмаат структури до гуша заглавени во политичка корупција кои се во паничен страв од кривична одговорност.
Коалиција ВЛЕН