Албанската коалиција ВРЕДИ ќе покрене кривична постапка против членовите на избирачкиот совет во избирачкото место 1112/1 во Липково, каде на денот на изборите бил организиран таканаречен „бугарски воз“. Според нив, Управниот суд ги докажал обвинувањата со поништување на гласањето во ова избирачко место.

„Официјално беше разрешен и избирачкиот совет во избирачкото место број 1112/1. Многу брзо против сите кои направиле неправилностите ќе биде покрената кривична постапка“, велат од Кабинетот на претседателскиот кандидат Арбен Таравари.

ДИК со мнозинство гласови ги разреши сите членови на ова избирачко место, а членот на оваа ДИК Абдуш Демири ги повика избирачките совети да го почитуваат законот.

„По денешната одлука за разрешување, секако ќе има иницијатива за покренување на постапката за дисциплинска и кривична одговорност од страна на надлежните органи за членовите на ова избирачко место. Апелирам до избирачките совети да не дозволат никој по никоја цена да влијае на вашата работа.

Вршете ги обврските согласно вашите обврски од Изборниот законик“, рече Абдуш Демири, член на ДИК.
Според потпретседателот на ДИК, Димитре Шеху, која беше против разрешувањето на избирачкиот совет, Управниот суд одлучил врз основа на записникот, но службите на ДИК не ги доставиле и презентирале пред судот сите потребни материјали. Според неа, одлуката на Судот е за ДИК, а не за избирачкиот совет.

„Овластениот застапник на обвинетиот навел дека потврдата од апаратот „УБИГ“ (уред за идентификација на отпечатоци) во веродостојниот материјал на денот на изборите отсуствувал, додека тужената страна немала техничка можност да најде копија од изводот од апаратот за ова избирачко место. Но, ДИК ја има оваа можност. Поради тоа, судот, врз основа на отсуство на овој доказ, одлучи врз основа на податоците од записникот“, нагласи Дитмире Шеху, потпретседателка на ДИК.

Во избирачкото место 1112/1 во општина Липково податоците на запишаните гласачи и гласачките ливчиња во кутијата не се поклопувале, недостасувале ливчиња, а опозицијата за време на изборниот ден обвини за кражба на гласови, поточно за методот наречен бугарски воз во ова избирачко место./Алсат.мк