Утре ќе биде откриена спомен биста на македонскиот великан Гоце Делчев во Пустец, Република Албанија, соопшти претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров.

– Конечно поставена е спомен бистата на великанот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев, авторско дело на вајарот Зоран Тошевски од Скопје. Гоце Делчев ве очекува на утрешното откривање на 4 мај 2024 година, сабота, во 11.30 часот, на истоимениот плоштад во општина Пустец, пред најубавата црква во Албанија „Св. Архангел Михаил“ проект на архитект Тодор Паскали од Охрид. Добредојдени се сите! Повелете, објави Петров на својот профил на Фејсбук.

Македонците во Албанија, како и во Косово и во Македонија, во последниве години, се под засилен притисок од соседна Бугарија, да се запишат како Бугари. Но, Македонците одолеваат на тие притисоци и поткупи со (бугарски) пасоши на членката на Европската Унија.

(Д. Г.)