ДУИ сè уште не може да се помири со новата политичка реалност и со губењето на поддршката кај Албанците. Во недостаток на резултати и доверба од граѓаните, оваа партија избра напади, пропаганда и етикетирања кон секој политички противник, стои во соопштението на ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално.

Нападите кон медиумите, анкетите и јавноста јасно го покажуваат растечката нервоза во редовите на ДУИ поради континуираниот пад на поддршката.

Албанците веќе зборуваа јасно. Тие гласаа за промени, одговорност и крај на политиката на страв, договори и манипулации што со години го држеа албанското политичко претставување во заложништво.

ВРЕДИ е резултат на волјата на граѓаните и новата политичка енергија што секојдневно добива сè поголема поддршка кај Албанците.

Последните анкети само го потврдуваат она што се гледа на терен: ДУИ секој ден губи поддршка, додека граѓаните сè појасно се определуваат за промените.

ВРЕДИ