Филипче да каже дали е дел од мрежата на бугарските мисии во Скопје за кои говори Петрова Чамова? Венко Филипче е најгласен во одбрана на бугарските позиции во Македонија, Филипче отворено ги промовира бугарските позиции и има ист став по однос на Уставните измени со бугарските власти, предводени од Румен Радев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Филипче и СДС немаат против да бидеме „северномакедонци’’. За Филиче и СДС не е проблем да ја туркаат тезата дека Македонија мора да прифаќа секакви условувања за да добие европска перспектива. За Филипче и СДС не е проблем народот да биде нарекуван „северномакедонски“, ниту пак имаат проблем со бришењето на националните обележја, само за да дојдат до власт. СДС, Филипче и Заев повторно нудат распродажба на Македонија за личен спас, наместо да ги бранат македонските интереси Филипче повикува на обединување за промена на Устав со цел внесување на Бугарите, се наведува во соопштението на владејачката партија.
Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат: Со што е толку уценет и исплашен Филипче од бугарски политичари па ги шири и спроведува нивните политики во Македонија?
-Државата не смее да биде жртва на сервилните политики на СДС. Македонскиот народ нема да дозволи нови понижувања, нови бланко договори и ново распродавање на идентитетот. Државните и националните интереси мора да бидат над политичките калкулации на СДС и нивното криминално наследство, велат од ВМРО-ДПМНЕ.




