Што прави пустата желба за функционерски фотељи? Бујар Османи ни две години не може да издржи ако не е министер. Истото важи за сите останати членови на ова нереформирано ДУИ, пишува во денешното соопштение на ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално.

Просто е жално да го гледаме ДУИ како го потценува сопствениот народ. Нивната теза дека Албанците ги уживаат своите политички и демократски права само кога ДУИ е дежурен партнер во Владите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, е лицемерен и лажен. Тие потврдуваат дека се борат за гола власт и тендери и дека воопшто не им е гајле за Албанскиот народ, кој го користеле и сакаат повторно да го злоупотребат за лично богатење.

ДУИ игра со стари адути. Уште е заглавен во филмот 2008. Тогаш се потпиша Мајскиот договор и Али Ахмети стана партнер на Груевски и Мијалков и заедно го создадоа режимот кој ги газеше Албанците. Во ова политичко лицемерие на ДУИ има и позитивна страна.

Со своето поведение несвесно признаваат дека нам во наследтво ни оставиле половични алатки, фалични закони, недорешени прашања, кои се потврда дека се што зборувал ДУИ бил гол популизам кој мачкал очи наместо вистински да ги решава проблемите на Албанците. Времето кога Али Ахмети имаше образ и морална кичма да зборува за интересите на Албанскиот народ во Македонија и Балканот одамна заврши. Аферата “Соравија” и купиштата скандали потврдија дека парите му се поважни од националните чувства, политички му пресудија!

ВРЕДИ

Фото: Архива