Времето денеска ќе биде со ведро и посвежо утро, а преку ден ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Минималната температура се очекува да се спушти до 5, а максималната да достигне 26 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, во следната седмица во попладневните часови се очекува локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Во изминатото деноноќие најмногу дожд 6 литри на квадратен метар наврна во Скопје на мерното место кај Петровец, по што следи Тетово со 4, Крушево со 3, Крива Паланка и Штип со по 2, а 1 литар на квадратен метар наврна во Охрид, Прилеп, Берово, Виница и Куманово, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Фото: МИА архива