Времето во Република Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од нула до седум, а дневната од 16 до 24 степени.
Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 18 степени.
Промена на временската состојба со значително опаѓање на дневната температура ќе има од четврток до сабота кога ќе преовладува претежно облачно и постудено време со локални врнежи од дожд.