Времето во Македонија ќе биде претежно облачно, а од средината на денот ќе започнат врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер и услови за појава на грмежи. На планините врнежите ќе се од снег.
Утринската температура ќе се движи од два до седум степени, а дневната температура од 17 до 22 степени.
Во Скопје ќе биде облачно и од средината на денот ќе започнат врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер.
Утринската температура ќе достигне до пет степени, а дневната температура до 20 степени.
Врнежите преку ноќта кон вторник и во вторник ќе се поинтензивни, а повремено пообилни(над 25л/м2) и ќе дува засилен повремено силен југоисточен ветер.