Во Лазрополе утрово се измерени минус еден, а на Попова Шапка нула степени, соопшти УХМР.
Во Скопје е 12 степени, а најтопло е во Гевгелија со 15 степени.
Во изминатото деноноќие најмногу дож наврнал во Прилеп 21 литар на метар квадратен.
Времето денеска ќе биде сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови силен северoзападен ветер (наместа над 70км/ч.)
Максималната температура ќе достигне од 13 до 22 степени.
Во Скопје сончево со мала локална облачност и со засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 22 степена.
Утре ќе продолжи да дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови силен северен ветер повремено со брзина над 70 километри на час. Потоа во следните два дена времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Од четврток се очекуваат нови врнежи од дожд повремено пообилни.