Времето во Македонија на повеќе места ќе биде нестабилно со повремено пороен дожд и грмежи.
На места и особено на северот и истокот процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.
Утринската температура ќе се спушти помеѓу 11 и 19, а дневната ќе достигне од 24 до 31 степен.
УВ-индексот ќе изнесува 5.
Во Скопје, претпладне со сончеви периоди и со услови за краткотраен дожд, а попладне со повремено пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 29 степени.
Во недела и понеделник нестабилноста ќе се намали, а претежно во планинските региони ќе има услови за појава на краткотраен дожд во недела со ретки грмежи. Во деновите потоа ќе преовладува претежно стабилно време со повремено зголемена облачност.