Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд.
Врнежите ќе бидат пообилни (над 35л/м2), на места поројни, проследени со засилен ветер од југоисточен правец. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со пообилни врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 10 степени.
Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во среда, кога ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.