Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни, проследени со ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во повисоките места повремено засилен ветер, претежно од југозападен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Дневната температура ќе се движи од 4 до 14 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Дневната температура ќе достигне до 7 степени.