Преку денот времето ќе биде облачно, а попладне во јужните делови од Македонија ќе има услови за за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб претежно јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи од два до шест степени, а дневната температура ќе се движи од 18 до 25 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно. Ќе дува слаб претежно јужен ветер.
Утринската температура ќе достигне до пет степени, а дневната температура до 25 степени.
Од понеделник ќе биде претежно облачно, а од средината на денот ќе започнат врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер и услови за појава на грмежи. На планините врнежите ќе се од снег. Врнежите преку ноќта кон вторник ќе се поинтензивни, а повремено пообилни врнежи ќе има во вторник и среда кога ќе дува засилен јужен ветер.