Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен северен ветер, особено вдолж Повардарието. УВ индексот ќе изнесува седум, минималните температури од 14 до 22, а дневната највисока температура ќе се движи во интервалот од 27 до 34 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен северен ветер. Температурите од 20 до 33 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат околу или малку под просечните за овој период од годината. Извесно стабилизирање на времето се очекува за време на престојниот викенд.