Променливо облачно со појава на пороен дожд и грмежи, претежно во северните и источните делови, ќе биде попладне, а локално ќе има и услови за поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Максималната температура е во интервал од 29 до 38 степени. УВ-индексот 8.
Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе
има нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во наредните денови времето ќе биде стабилно, суво и топло. Утре ќе дува повремено засилен северен ветер, особено долж Повардарието. Највисоки температурите ќе бидат в четврток и в петок, од 32 до 39 степени.