Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево, понекаде со умерена облачност.
Како што прогнозираат од УХМР, од пладневните часови, и особено на североисток, ќе биде нестабилно со повремено пороен дожд, грмежи и услови за појава на град.
Ќе дува западен и југозападен ветер, кој особено во западните делови и на повисоко ќе засилува. Индексот на УВ е 9.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 20 степени, а максималната од 25 до 35 степени Целзиуосови.