Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево и топло со мала облачност. Попладне, претежно на истокот и североистокот од земјава ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје, претпладне сончево и топло со мала облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 30 степени.
Од понеделник следува период на променливо облачно време, околу пладне и попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.