Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 23, а дневната од 30 до 37 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе спушти до 19, а дневната ќе достигне 36 степени.
За време на викендот во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота на места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Од понеделник следува период на сончево време со пораст на температурите.