Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде адне сончево со умерена облачност.
Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а во источните делови засилен ветер од југоисточен правец.
Попладне и во вечерните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер и град.
Минималната температура ќе биде помеѓу шест и 14, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност, попладне со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од десет до 26 степени.
Во понеделник и вторник во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а стабилно ќе биде во среда.