Времето во Република Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Локално ќе има изолирана појава на краткотраен дожд.
Утринската температура ќе се движи од четири до 12, а дневната од 17 до 23 степени.
Во Скопје, умерено облачно со умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 20 степени.
Во почетокот на наредната седмица времето ќе биде посвежо со повремени врнежи од дожд.