Времето во Република Македонија ќе биде променливо облачно, попладне со локален пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе се спушти помеѓу 11 и 21, а дневната ќе достигне од 26 до 36 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје, променливо облачно, попладне со локален пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе се искачи до 35 степени.
До крајот на неделата следува период на стабилно и топло време.