Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, соопшти УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 6 степени.

До петок ќе се задржи стабилно време со слаб, наместа умерен јужен ветер. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност и таму температурите ќе се задржат пониски. Во останатите места ќе биде релативно топло, особено на планините каде ќе има постепено топење на снежната покривка.

Во петок попладне и за време на викендот ќе има повремени врнежи кои најпрво ќе бидат од дожд, а поради спуштање на постудена воздушна маса со северен ветер постепено ќе преминуваат во снег.

Најниска температура од -3 степени утрово во земјава е измерена во Берово, соопшти УХМР. Следат Тетово, Штип и Струмица со  -2 , -1 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Битола, Демир Капија и во Кавадарци, 0 степени во Куманово и Велес, 1 Лазарополе и Виница, 2 во Охрид, Дебар, Прилеп и Гевгелија, 3 во Претор, Попова Шапка и 4 степени во Маврови Анови и Крушево.

Висината на снежната покривка измерена во 7 часот на Попова Шапка изнесува 43 см, а 38 см во Маврови Анови.