Претпладне времето ќе биде променливо облачно, но во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина над 70 километри на час.
Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен.
Во Скопје, претпладне умерено облачно, а попладне сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до19 степени.
Утрово се измерени следниве минимални температури: -2 Лазарополе, -1 Крушево и Берово, 2 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Охрид, Претор, Битола и Прилеп, 3 Тетово, Демир Капија и Струмица, 4 Штип и Куманово, 5 Скопје – Зајчев Рид, 8 Дојран.