Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди почесто во северните делови и попладне. Претпладне особено во јужните делови ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 23 до 31 степен.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 29 степени.
Следува период на стабилно време со пониски утрински температури. Најсвежо наутро ќе биде во понеделник и вторник. Преку денот повремено ќе има умерена облачност, а дневната температура на југоистокот ќе достигнува 30 степени.